
Американскиот клуб од професионалната НБА лига, Феникс Санс, го отпуштија тренерот Мајк Буденхолцер по само една сезона мината на оваа позиција.
Иако во тимот има ѕвезди како Кевин Дурент, Девин Букер и Бредли Бил, Санс постигнаа многу лош сооднос во победи-порази од 36-46 и завршија на 11-то место во Западната конференција, со што го пропуштија не само доигрувањето, туку и разигрувањето за продолжување на сезоната (плеј-ин).
„Нашата цел останува да се натпреваруваме на највисоко ниво, а во тоа оваа сезона потфрливме. Затоа, потребна промена“, објавија Санс.
Буденхолцер освои шампионска титула со Милвоки Бакс во 2021 година, а минатото лето потпиша петгодишен договор вреден 50 милиони долари со Санс.
Санси сега се во потрага по четвртиот тренер во последните четири години.