Премиер лига: Бoрнмаут го победи и се израмни со Фулам

Во последниот натпревар од 32. коло на англискиот фудбалски шампионат, Борнмаут го совлада Фулам со 1:0 (1:0), по што сега двата тима се израмнети на табелата.

Стрелец на единствениот гол беше Антоан Семењо уште во првата минута од натпреварот.

Со овој резултат Бoрнамут стави крај на серијата од осум првенствени натпревари без победа и го подгреа надежите на своите навивачи дека следната сезона ќе можат на својот стадион да следат европски фудбал.

Бoрнемаут сега е осми со 48 бодови, исто колку и деветтопласираниот Фулам и десеттопласираниот Брајтон. Најблиските места кои водат во еврокуповите во моментов го држат Челзи и Астон Вила со по 54 бодови.

Ливерпул е на врвот со 76 бодови, Арсенал заостанува 13 бодови, а третопласираниот Нотингем Форест има дури 19 бодови помалку од лидерот на шест кола до крајот на првенството.