ВИДЕО| Женскиот екипаж на ракетата на Безос, по 11 минути се врати на Земјата

Ракетата „New Shepard“ на компанијата „Blue Origin“ на милијардерот Џеф Безос со целосно женски екипаж слета на Земјата по 11 минути лет во вселената, пренесоа агенциите.

Ракетата требаше да биде лансирана околу 8,30 часот по локално време од Западен Тексас, или 16,30 часот по македонско време.

Шестчлената женска екипа, вклучително и поп-ѕвездата Кети Пери и партнерката на Безос, Лорен Санчез, слетаа во Тексас каде ги пречека тим кој ќе им помогне да закрепнат.

Ова е прва експедиција со целосно женски екипаж од советската мисија во 1963 година кога Русинката Валентина Трешкова стана првата жена во историјата која престојува сама во вселената, а како што беше предвидено, ракетата ја поминала меѓународно признатата височина на која започнува вселената.

Патници на суборбиталната ракета „New Shepard“ заедно со Пери и Санчез беа американската водителка Гејл Кинг, научничката Ајша Боу, основачката на организацијата против сексуално насилство Аманда Нгујен и продуцентката Керијан Флин.

„Blue Origin“ веќе неколку години нуди кратки патувања за вселенските туристи. Досега успешно се спроведени десет летови, а во нив наводно учествувале вкупно 52 лица, пишува BBC.

Самиот основач Безос беше на првиот лет во 2021 година.