Зеленски го кани Трамп во Украина пред каков и да е договор со Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од американскиот претседател Доналд Трамп да ја посети неговата земја и да биде сведок на трагедијата на актуелната војна пред да се посвети на какви и да се наводни мировни решенија со Русија.

Свесен за непријатната средба со американскиот лидер во Вашингтон во февруари, Зеленски ја повтори својата почит кон позицијата на САД.

„Но, ве молам, пред какви и да се одлуки, каков и да е облик на преговори, дојдете и видете ги луѓето, цивилите, борците, болниците, црквите, уништените или мртвите деца“, изјави Зеленски за американската телевизија CBS во интервју емитувано во неделата.

„Се надевам дека Трамп тогаш ќе разбере со што има работа… Ќе разберете што направи (рускиот претседател Владимир) Путин“, рече Зеленски

CBS сними интервју со Зеленски за време на посетата на неговиот роден град Криви Рих. Таму, во руски ракетен напад на 4 април загинаа 19 лица, меѓу кои 9 деца и тинејџери, како што тврди Киев.

Најмалку 34 лица загинаа во ракетниот напад врз украинскиот град Суми во неделата.

Зеленски рече дека, според него, рускиот поглед на војната, која трае повеќе од три години, преовладува во новата американска администрација. Тој беше особено критичен кон потпретседателот ЏејДи Венс, кој го предводеше нападот врз Зеленски за време на посетата на Белата куќа кон крајот на февруари.

„Се обидов да објаснам дека не можете да барате нешто на средина. Има агресор и има жртва“, рече Зеленски.

Поврзани вести