
Основното јавно обвинителство Прилеп постапува во предистражна постапка поради сомненија за кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување, а поврзано со финансиското работење на болницата.
Обезбедени се наредби за претрес на осум локации, а дејствијата ги презема Управата за финансиска полиција.
По претресите, предистражната постапка ќе продолжи со други дејствија за обезбедување докази.
Освен во самата прилепска болница, како што неофицијално дознаваме, претреси се вршат и во неколку приватни домови на лица за кои постои сомнение дека се поврзани со случајот.