
Центарот за управување со кризи информира дека на патот Скопје – Велес има одрон, што било пријавено вчера во 17:06 часот преку линијата за итни случаи 112.
Конкретно е добиена пријава од лице кое патувало од Скопје кон Велес, дека пред патарината кај Велес камион – цистерна удрил на карпите и има одрони на пат, што претставуваат опасност. За ова веднаш е известено ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта за нивна понатамошна постапка, по што е и постапено, соопшти ЦУК.