
Ѕвездата на Реал Мадрид и француски репрезентативен напаѓач, Килијан Мбапе, е казнет со еден натпревар суспензија од шпанското првенство поради тежок фаул на мечот против Алавес минатиот викенд, иако судијата му покажа директен црвен картон.
Мбапе првично доби само жолт картон за својот старт, но по интервенцијата на ВАР, судијата на мечот ја смени одлуката и го исклучи Французинот.
Потоа Мбапе му се извини на играчот на Алавес, Антонио Бланко за фаулот, а потоа и на своите приврзаници што ги остави во незавидна позиција.
Тренерот на Реал, Карло Анчелоти нема да може да смета на Мбапе на неделниот домашен меч од 32. коло против Атлетик Билбао, но ќе може во 33. коло за осум дена против Хетафе.