Руте ја посети Одеса, истакна дека поддршката на НАТО за Украина е непоколеблива

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте во вторникот го посети градот Одеса во јужна Украина и им кажа на украинските власти и народ дека поддршката на НАТО за Украина е непоколеблива.

Посетата на Руте на градот во кој доминатно е руското и руско јазичното населени еи беше сцена на смртоносен напад кога во мај во 2014 година по превратот во Киев прозпадните украински националисти запаликја 50 проруски приврзаници во тамошниот синдикален дом, беше знак на солидарност со Киев по рускиот ракетен напад врз северниот град Суми во неделата, во кој загинаа 35 луѓе, а повеќе од 100 беа ранети.

„Украинскиот народ претрпе толку многу, вклучувајќи го и рускиот напад на Цветници во Суми. Поддршката на НАТО е непоколеблива“, објави Руте на социјалната мрежа Х само со фотографии од средбата со Зеленски во затворен простор.

„Ќе продолжиме да и помагаме на Украина за да може да се брани денес и да ја одврати идната агресија, обезбедувајќи праведен и траен мир“, додаде генералниот секретар на НАТО.

Посетата доаѓа во време кога Соединетите држави, доминантната сила на НАТО, се обидуваат да посредуваат за прекин на огнот меѓу Русија и Украина и откако американскиот претседател Доналд Трамп повторно го критикуваше украинскиот претседател.

Володимир Зеленски рече дека тој и Руте ја посетиле болницата во која се опоравуваат ранетите украински војници.

„Разговаравме со нашите воини. Им доделив државни награди на нашите бранители. Благодарен сум на нашите момци за нивната сила, издржливост и заштита на нашиот народ“, објави Зеленски на X.

„Исто така, им доделив награди на воените медицински лица (…) Им благодарам на сите што ја бранат, лекуваат и поддржуваат Украина. Вие сте нашата сила“, додаде тој.