Кремљ во петокот објави дека е постигнат напредок во разговорите за прекин на огнот во Украина, но дека контактите со САД се комплицирани.
„Контактите се доста комплицирани бидејќи, нормално, оваа тема не е лесна“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков на редовниот дневен бифинг со новинарите.
„Русија е посветена да стави крај на овој конфликт и да ги обезбеди своите интереси и е отворена за дијалог, ние ќе продолжиме да го правиме тоа“, додаде Песков.
Американскиот државен секретар Марко Рубио претходно во петокот изјави дека претседателот Доналд Трамп ќе се откаже од напорите за постигнување мировен договор меѓу Русија и Украина во наредните денови, доколку не е биде јасно дека таков договор е возможен.
Рубио нагласи дека Трамп сѐ уште е заинтересиран за постигнување договор, но и дека е подготвен да ги напушти преговорите доколку нема знаци за напредок.
Песков подоцна рече дека веќе имало „одреден напредок“, наведувајќи го привременото запирање на нападите врз енергетската инфраструктура, иако посочи дека Украина не се држи до тоа.
„Затоа, веќе е постигнат одреден напредок, но се разбира, пред нас се уште многу сложени дискусии“, рече портпаролот на рускиот претседател.
На прашањето дали мораториумот на нападите врз енергетската инфраструктура е завршен, Песков одговори дека веќе поминал еден месец, но дека немало наредба од претседателот Владимир Путин за промена на ставот на Русија.