Кениецот Џон Корир го надмина падот во близина на стартната линија и победи на маратонот во Бостон во понеделникот, завршувајќи ја трката за извонредни два часа, четири минути и 45 секунди.
Победникот на маратонот во Чикаго во 2024 година падна во близина на целта, но брзо се опорави и победи создавајќи огромен јаз меѓу себе и останатите тркачи.
Со оваа победа, Корир го продолжува наследството на неговото семејство, откако неговиот постар брат Весли победи во Бостон во 2012 година.
Танзаниецот Алфонс Симбу го освои второто место за 2:05:04 часа, борејќи се со Кениецот Кибријан Котута на целта.

Кенијките Шерон Локеди и Хелен Обири водеа тензична битка на помалку од две милји пред Обири, која ја освои бронзата во Париз, да почне да губи силата. Локеди ја мина целта за 2:17:22, Обири 19 секунди побавно, а трета беше Етиопјанја Јалемзерф Јехулавом (2:18:06).
Бостонскиот маратон е најстариот годишен маратон во светот и една од најпознатите друмски трки во светот, основан во 1897 година. Тој е еден од седумте главни светски маратони, кој традиционално се одржува на Денот на патриотите, третиот понеделник во април.
Аматерски и професионални тркачи од целиот свет секоја година се натпреваруваат на маратонот во Бостон, борејќи се на ридестиот терен на Масачусетс и променливото време за да учествуваат на трката. Настанот привлекува до 500.000 гледачи на патеката, што го прави еден од најгледаните спортски настани, а во 1996 година постави рекорд како најголем маратон во светот со 38.708 учесници, 36.748 стартери и 35.868 кои ја завршија трката.