Никола Јокиќ одигра нов натпревар под своите стандарди во плеј-офот од НБА лигата па неговиот Денвер го загуби четвртиот натпревар од четвртфиналната серија против Оклахома за изедначување на 2-2.
Србинот постојано е под притисок во оваа плеј-оф серијата, одбраната на противникот некогаш и ја надминува границата на прекршок, но судиите не го санкционираат што се одразува и на неговата шутерска форма. За тоа говори и статистиката која вели дека Јокиќ се наоѓа во најлошата серија во последните седум години.
Имено, во последните три натпревари центарот бележи реализација од 7 од 22, 8 од 25 и 6 од 16 во обидите од поле што за прв пат по 2018 година шутира со помал процент од 40 отсто во серија од три натпревари.
Nikola Jokic last three games:
7-22 FG
8-25 FG
6-16 FGFirst time shooting under 40% in three consecutive games since 2018.
— Underdog NBA (@UnderdogNBA) May 11, 2025
Овој статистички показател е воедно и доказ за успешноста на 30-годишниот кошаркар бидејќи ректко кој во светот може да се пофали со ваков учинок.