-Но ние имаме обврска да ги слушнеме и граѓаните оние граѓани кои секојдневно не прашуваат кога ќе заврши оваа политичка криза. Оние граѓани кои се наоѓаат под притисокот на политиката, оние граѓани кои што ги запреа своите бизниси, оние граѓани кои што го запреа нормалното живеење под притисок на политиката. Ние сме должни како Собрание и пратеници, како возрасни луѓе да ставиме точка на оваа политичка криза и да овозможиме да го вратиме нашиот мандат на оние на кои што им припаѓа. На оние кои што одлучуваат за суверенитетот и за патеката по која ќе оди Македонија , појасни Димовски.
Нема поголема доблест за едно Собрание, вели Димовски, од тоа да гласа за свое распуштање. Тоа значи, додава тој, дека во овој ден пратениците ќе одлучат тие повеќе да не одлучуваат туку финалната одлука за тоа по која патека ќе оди државата да ја донесат граѓаните на Македонија.
Целиот говор погледнете го на следниот линк: