Во едно планинско село кај Бољевaц во трошна куќа која само што не се урнала, живее М.З (86). Таа едвај преживувала од нејзината пензија, а сега станала милионерка, пишува „Новости“.
Старицата која живее од 10.000 динари пензија, пред Нова година, на сметка и легнале речиси милион австралиски долари кои ги наследила од покојниот маж, а исто така наследила и неколку милиони во недвжнини кои се наоѓаат во Австралија.
Сопругот на М.З. починал во 2011 година, а жената со која живеел во Австралија починала пред него. Деца немале, па властите во Австралија пчнале да бараат можни наследници и по неколку години ја пронашле М.З.
Жената е прогласена за единствен наследник и веднаш и е уплатен целиот износ кој нејзиниот сопруг ги имал во една банка во Австралија.
М.З. и покрај се’, останала да живее во трошна куќа, тешко пристапна за други.