Бесплатен урбанистички план за општините за „ Купи куќа за млади “

Еден од најголемите предизвици кои ќе ги донесе мега проектот Купи куќа за млади е изработката на урбанистичките планови и локации.

За да се надминат предизвиците, Министерството за транспорт и врски отвори јавен повик наменет за сите општини во Македонија.

-Ние како Министерство распишавме јавен повик кој ќе трае до 01.02.2016 година а ако има потреба ќе го пролонгираме, а ќе биде отворен за сите општини да поднесат барање  ние да им изработиме директно по еден план за типски населби. Ова важи за сите општини кои треба да достават барање за нас а ние како Министерство ќе им изработиме планови во координација со нив  и сето тоа ќе биде на наш трошок, подвлече Мисајловски.

Мисајловски провлече дека доколку има потреба да се продолжи рокот ќе се направи тоа и ги повика градоначалниците на сите општини во Македонија да ја искористат оваа можност, да им биде направен по еден план на трошок на Министерството за финансии.