Агенцијата за медиуми го поздрави Кодекс за изборно однесување на МАН

МАН: Ги поддржуваме предлозите на ММА
МАН: Ги поддржуваме предлозите на ММА

Македонската асоцијација на новинари (МАН) соопшти дека Кодексот за изборно однесување, кој МАН го презентираше минатата недела, добил поддршка од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ја поздравува иницијативата на Македонската асоцијација на новинари за изработка на Кодекст за изборно однесување. Сметаме дека е важно да се потенцира оти кодексите се однесуваат на принципите, вредностите, стандардите и правилата за однесување на нивните потписници, се вели во дописот испратен од Агенцијата до МАН.

Кодексот за изборно однесување кој го предлага МАН се однесува за сите учесници во изборите, како и за медиумите и медиумските работници, Агенцијата за медиуми и за меѓународните набљудувачи.

 Темелните вредности на кои се повикува кодексот се чесност, искреност, фер однос, заемно почитување и култура на дијалог. Тој ги повикува медиумите за време на изборната кампања да се воздржат од поттикнување насилство, изборните кампањи да се спроведуваат слободно, отворено и јавно, а учесниците во изборите да имаат слобода на мислење и изразување, информира МАН.

Според овој кодекс за време на изборната кампања, за неетички ќе се смета поткопувањето на македонскиот систем за слободни избори или попречувањето на целосно слободно изразување на гласачите, како и ширењето на неосновани обвинување против кандидатите, јавните и комерцијалните медиуми и медиумските работници. Претставување на лаги за приватниот живот на учесниците во изборите, како и користењето приватни податоци добиени на нелегален начин кои би се користеле за цели споротивни на темелните вредности, исто така би биле недозволиви за време на изборната кампања.

Кодексот предвидува сите гласачи да имаат право да добијат непристрасни информации за партиите и кандидатите од сите јавни медиуми, а сите партии и кандидати да имаат право на еднакви услови за нивните изборни кампањи.

За време на изборната кампања и изборниот процес, недозволиво би биле активности или цели поврзани со кампањата од нелоцирани фондови, опрема, материјали или простории во сопственост на Владата, како и поврзаност на невладините организации со политички партии, соопшти МАН. Кодексот промовиран од МАН воедно ги охрабрува Мисијата на Европската унија во Македонија, како и Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР да го следат медиумското однесување за време на изборниот процес.