Вонредната состојба во Франција, која беше прогласена по ноемвриските терористички напади во Париз, при што загинаа 130 луѓе, ќе продолжи и ќе трае додека е неопходно, изјави францускиот премиер Мануел Валс.
– Додека има закана треба да ги користиме сите мерки, наведе Валс во интеврју за Би-Би-Си.
Вонредната состојба во Франција треба да биде укината на 26 февруари, но властите бараат нејзино продолжување.
Тој истакна дека борбата против тероризмот треба да биде „целосна, глобална и безмилосна“.