![leonardo-di-kraprio](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/01/leonardo-di-kraprio.jpg?resize=540%2C360&ssl=1)
Леонардо Ди Каприо е еден од најдобрите актери на денешницата, ако не и на сите времиња.
Иако листата е далеку побројна Ви носиме список од десет причини зошто Ди Каприо заслужува оскар…
1.Се сеќавате ли на сцената од „Волкот од Вол Стрит“ каде Ди Каприо се влече до автомобилот? За да се сними таа сцена, верувале или не, била потребна една недела. Тоа значи дека цела недела тој се влечел со помош на рацете по земја, за да може што е можно порелано да се прикаже неговиот лик кој во филмот е под дејство на прекумерна доза седативи.
2.Секој пат кога шмркал кокаин во, „Волкот од Вол Стрит“ всушност шмркал Б витамин.
3.Во една од финалните сцени од „Волкот од Вол Стрит“, Леонардо му нуди на Џон Хил парче суши, кое сепак на крај ќе заврши назад во неговата уста. Сцената била повторувана цела ноќ, преку 70 пати, односно Лео изел преку 70 парчиња жива риба. На крајот повраќал во канта за отпадоци.
4.А дали се сеќавате на експлицитната сцена, исто така од „Волкот од Вол Стрит“ каде има свеќа во задникот? Епа ниту таа сцена не е снимена со двојник….напротив ја снимил сам!
5.Во една сцена во Џанго разузданиот Леонардо удрил со дланката на маса, искршил стаклена чаша и толку силно се поврзал со сцената што навистина имало крв насекаде. Сцената ја завршил како апсолутно ништо да не се случило.
6.За улогата во Џеј Едгар се согласил на дури 90% пониска плата од оние кои инаку ги добива за еден филм. Се за буџетот на филмот да не трпи.
7.За филмот „Shutter Island“ Леонардо поминал низ неколку реални душевни болници, но и неколку напуштени. Признал дека тоа било прилично трауматично искуство.
8.За да се подготви за улогата во филмот „Авијатичарот“ со денови живеел со маж кој пати од опсесивно-компулсивно пореметување.
9.За актуелниот филм „Одмаздникот“ откриено е дека морал да спие во распарчен труп од коњ за да се згрее, со оглед на тоа што сцените се снимани на температури далеку под нулата. Тука е и сцената во која морал да преживее напад од агресивна мечка. „Овој филм беше најтешката работа која сум ја направил во животот, но не ми е жал,“ рекол на крајот од снимањето.
10.Поради сите останати улоги во „Inception“, „Плажа“, „Титаник“, „Фати ме ако можеш“, „Големиот Гетсби“, „Бандите на Њујорк“, „Што го мачи Гилбер Грејп“ и многу фруги.