Иако сме на почеток на годината и сигурно веќе следната недела ќе се појави некој нов тренд, одлучивме сепак да ги сумираме 10-те главни трендови на годината кои можат да ви помогнат околу купувањето нови парчиња облека.
1.Килоти
Кога велиме килоти не мислиме на гаучо панталоните кои беа актуелни во 2004. година. Станува збор за софистицирани парчиња панталони кои ја запоседнаа оваа модна писта, а сега претендираат да го покорат и „уличниот стил“ . Овој преубав модел на панталони можете да ги носите и во дневна и во вечерна варијанта, кога е најдобро да ги носите со високи потпетици. Што се однесува на изборот на останатите парчиња, најдобро е да ги комбинирате со шпиц салонки.
2.Откриени рамена
Дами, посветете внимание на овие модели на блузи. Тие ги освоија сите светски писти, па бидете сигурни дека ваквите блузи и фустани со откриени рамена ќе се задржат долг временски период.
Инвестирајте во еден добар модел, најдобро во неутрална боја или со некој силен принт, за да можете секојдневно да го носите.
Овој модел на фустани или маички е најдобро да ги комбинирате со некое ланче.
3.Комплет во една боја
Заборавете се што сте слушнале за носењето една боја и препуштете се на новиот тренд. Од блејзери и комбинизони, до килоти и блузи во иста боја – ќе бидете најстилизирана дама во секоја прилика.
4.Свилена бомбер јакна
Бомбер јакните никогаш не биле толку добро дизајнирани како оваа сезона кога ни доаѓа нешто со изменет дизајн: во необични бои и со свилен материјал.
Бомбер јанката комбинирајте ја со пар црни фармерки, долги чизми и чантичка за на рамо и бидете сигурни дека сте го постигнале вистинскиот ефект.
5.Долга наметка
Оваа година во тренд е да се ослободите од ракавите и да облечете наметка, која потсетува на мантил. Без оглед дали сте тргнале на ручек или состанок, наметката е совршена опција.
Долгата наметка е најдобро да ја комбинирате со патики, комотна туника и наочари за сонце.
6.Сандали папучи
Овие сандали ни доаѓаат во повеќе варијанти, односно рамни и на потпетица, а и во различни дезени.
Овој модел најдобро е да го носите со искинати фармерки, кожна јакна и наочари за сонце. Исто така долниште со А крој и блејзер со необичен дезен одлично ќе парира со овие сандали папучи.
7.Впечатливи риги
Немојте да се плашите да носите бои кои „бодат“ очи. Без разлика дали станува збор за некој специфичен модел, важно е секогаш да се фокусирате на основните парчиња, кои ќе ви помогнат при стилизирањето на надворешниот изглед. Понатаму, искомбинирајте ја маичката или здолништето на риги со еднобојно парче облека и сандали папучи…
8.Слип фустани
Слип фустаните се наоѓаат секаде. На прв поглед, слип фустаните кои потсетуваат на долна облека може да изгледаат премногу секси. Во тој случај секогаш можете да се определите за А крој кој е подеднакво популарен и многу полесен за носење.
9.„Стејтмент“ чанти
Бидете храбри и посегнете по огромна чанта или крзена торбичка. Оваа година чантите ќе бидат во голем фокус, така што ве советуваме да бирате „стејтмент“ модели.
10.„Пенсил“ здолниште
Оваа сезона понесете „пенсил“ здолниште со копчиња…Можете да ја комбинирате со асиметрична наметка или кошули и блузи со необичен крој.