Оваа недела конечно имаме потврда за тоа дали и во каква форма ќе биде направено дополнувањето на лајк копчето, а таа доаѓа од разговорот што Bloomberg го имаше со Крис Кокс, главен за производи во Фејсбук.
Како и што беше шпекулирано неколку пати досега, покрај лајк копчето ќе бидат додадени дополнителни икони коишто изразуваат неколку емоции, односно поточно како што е и нивното име, реакции на одредени ситуации.
Тоа и беше замислата при правењето на реакциите, да на луѓето им се даде можност да искажат нешто друго покрај допаѓање, за ситуациите кога тоа не е баш прикладно и погодно.