Зборот куртизана доаѓа од италијанскиот збор „cortigiana“ каде што и најпрво почнал да се кориси и тоа некде во 16 век, а означува дворска дама која склопувала „врски“ со одредени господа од високите кругови, кои самата ги одбирала.
Имала можност да се тргне од сенката на неморалот, кога се запознала со познатиот барон Де Стакелберг, кој и плаќал стан во центарот на Париз и и’ купувал се’ што ќе посака, под услов да биде чесна жена.
Мари го сакала сјајот на ноќтта и и’ недостигало вниманието кои нејзините пријателки го уживале додека мажите ги опсипувале со комплименти и луксуз.
Таа се вратила на старите навики и продолжила да ги фасцинира мажите во Париз.
Имала само 23 години кога починала, но отсекогаш претчувствувала дека ќе умре млада. Таа починала од туберкулоза.
Александар Дима бил само еден од бројните мажи кои биле вљубени во неа. Но, тој имал моќ да ја направи бесмртна, вметнувајќи ја во книга која и денес фасцинира со романтика ширум светот, „Дамата со камелии“.