Главна цел на овој мастерплан била да се исценираат случаи и без никакви докази да се вршат упади во домови. Бил даден и конкретен рок до кој требало да биде реализирано сценариото, пишува Телеграф.мк
Закани, изнуди на искази и груби газења на човековите права биле методите со кои тимот на Катица Јанева се обидувал да изврши незаконски притисок врз лица што ги повикувале на разговор надвор од каква било правна процедура.
Како што пренесува Телеграф, соочени со немањето никакви докази за каков било криминал од една страна, и огромни притисоци од Заев и од Катица Јанева за процесирање случаи од друга страна, одговорните во специјалното јавно обвинителство започнале да се однесуваат исклучително агресивно и да ги злоупотребуваат овластувањата што ги имаат.
Со ваквите дејствија тие и практично ги отпочнале подготвителните активности за реализација на мастерпланот на Заев и Јанева за одложување на изборите. Главна цел на овој мастерплан, како што велат наши извори, е да се исценираат случаи и без никакви докази да се вршат упади во домови. Според информациите од наши извори, бил даден и конкретен рок до кој требало да биде реализирано сценариото, односно тоа бил 10 февруари.
Медиумите денеска објавија дека во изминатиов период се интензивирале ургенции од страна на Заев и неговите сопартијци кај Јанева и нејзините соработници. Неодамна, „Сител“ тврдеше дека се одржала и тајна средба помеѓу Заев и Јанева надвор од Скопје, на која бил договорен мастерпланот на лидерот на СДСМ за проблематизирање на датумот и бегање од избори.
Целта на мастерпланот на Заев била компромитација на владејачката партија по секоја цена, со монтирање случаи, односно преземање на улогата на Чауш од Катица Јанева.
Мастерпланот на Заев, согласно договорот меѓу него и Катица, како што стои во објавата, требало да биде реализиран пред доаѓањето на Хан. Согласно роковите што Заев ѝ ги наметнувал на Јанева, планот требало да стартува во почетокот на наредниот месец, а Јанева веќе издала наредба во специјалното јавно обвинителство да отпочнат подготовките.
Според Сител на ваквите инсистирања на Заев и Јанева, реагирале дури и дел од обвинителите што се блиски до СДСМ со образложение дека нема ефект да се притиска со правно неиздржани предмети, додека другата струја инсистирала дека правниот ефект бил неважен во споредба со ПР-ефектот што би го добил СДСМ.
На колегиумите што се држеле во СЈО, според изворите на „Сител“, повеќе се коментирале позициите на СДСМ и се осудувале и критикувале настапите на еврокомесарот Јоханес Хан, отколку што се разговарало за предметите што треба да се работат.
Дел од тимот на Јанева како подготовка на реализацијата на сценариото на Заев отпочнал и со конкретни активности, објавува „Сител“. Изминативе денови спротивно на законот почнале со притисоци и закани кон поединци, нелегални повикувања и забрани за присуство на адвокат при сослушувањето на лицата.
Според Сител следен чин во сценариото на Заев што требало да го реализира Јанева, би требало да бидат претреси по домови, кои заради драматиката би се вршеле или доцна во ноќта или во тек на викенди.
Двајца од обвинителскиот тим на Јанева изминатиов период имале секојдневни средби со генералниот секретар Оливер Спасовски, за да ги координираат активностите.