![on Мировните договори за Сирија почнуваат утре](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/01/on.jpg?resize=696%2C408&ssl=1)
Мировните преговори за ставање крај на војната во Сирија ќе почнат утре во Женева, соопшти портпаролот на специјалниот пратеник на ОН за оваа земја Стефан де Мистура, пишува МИА.
– Потврдувам дека разговорите почнуваат утре – изјави Кавла Матар, иако опозициските групи се уште не го потврдиле своето учество.
Претходно денеска, канцеларијата на специјалниот пратеник Мистура објави негова видео-порака упатена до сирискиот народ, во која вели дека очекува разговорите да бидат одржани „во следните неколку дена“.