ФЗОМ ги ослободи лицата со ниски примања да доаѓаат во Фондот за пререгистрација

На почетокот на секоја година се објавуваат податоците за висината на просечна и минимална плата од Државниот завод за статистика. Согласно законот за социјални придонеси, Фондот ги објавува лимитите за остварени приходи поради потребата од пререгистрација за лицата со ниски примања, со цел да имаат континуитет во здравственото осигурување. Бидејќи за минатата година има зголемување на висината на минимална плата, што е еден од параметрите за зголемување на законскиот лимит, годинава има поголеми лимити за здравствено осигурување, согласно нето приходот на осигуреникот кое го има остварено како семејство во 2015 година.

Секоја година во периодот од 1 февруари до 31 март, лицата со ниски примања беа обврзани да дојдат да дадат изјава на шалтерските служби во Фондот, со цел да го продолжат правото на здравствено осигурување кое им го покрива државата преку Министерството за здравство.

Во 2015 година направивме измени на овој закон и изработивме систем за автоматска пререгистрација на лицата со ниски примања. Податоците за висината на нето приходите ги добиваме од Управата за јавни приходи бидејќи сме софтверски поврзани и вршиме размена на податоци на дневна основа.

Оваа година продолжува автоматската пререгистрација и затоа сакаме да ги известиме лицата со ниски примања, кои во минатата година оствариле нето приход под 115.080 денари дека нема  потреба да дојдат во подрачната служба на Фондот да се пререгистрираат и нивното здравствено осигурување автоматски ќе се продолжи. Да информираме дека лимитот според кој граѓаните го остваруваат ова право бележи континуиран раст од 96,600 денари во 2014 година до 115.080 денари денес, што е последица на растот на минималната плата, посочуваат од ФЗОМ.

Исто така, Фондот автоматски ќе ги пререгистрира и