Првиот од четворицата рудари, заробени во рудник за гипс во Кина, е извлечен на површината, по поминати 36 денови под земја.
Рударот беше еден од дестината работници кои останаа затрупани откако на крајот од декември се урнаа потпорните ѕидови во овој рудник во источната кинеска провинција Шандгонг.
Другите тројца заробени рудари се уште се под земјата и очекуваат да бидат извлечени на површината.
Кинеската телевизија го пренесуваше директно извлекувањето на првиот од преостанатите заробени рудари.
Кинеските медиуми не даваат засега други детали, освен дека извлечениот рудар бил веднаш префрлен во болница.