Минатата година, како што рече Блажевска, кризата не фати малку неподготвени и затоа годинава мора да бидеме поподготвени и да видиме како можеме подобро да одговориме на потребите на мигрантите.
– Имаме доволно донации за овој наплив на мигранти од по неколку илјади дневно, но мислам дека мора да антиципираме и подобро да се подготвиме за да не се повтори како лани дневно да ни доаѓаат по 7 до 8 илјади мигранти оти освен хуманитарната, бегалската криза има и безбедносна компонента која меѓународните организации не можат да ја покријат и затоа меѓународната заедница мора во иднина да насочи дел од помошта и кон нашите институции кои имаат огромни трошоци, нагласи Блажевска.
Раководителот на ПТЦ Гевгелија, Зоран Лазаровски потврди дека кампот во задоволителни количини има се што им е потребно на мигрантите и посочи дека за уште поуспешно справување со бегалската криза потребно е доекипирање и обновување на капацитетите кои беа истрошени изминативе пет месеци.