
Министерството за внатрешни работи во текот на изминатите 24 часа издало потврди за остварување на правото на азил на вкупно 2.292 бегалци, од кои 852 се мажи, 513 се жени и 927 се деца кои гопридружуваат носителот на потврдата.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1243, Авганистан–671 и Ирак-378 . До Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Инаку од 01.01.2016 до вчерашниот ден издадени се потврди на вкупно 52.503 странски државјани, од кои 21.732 се од машки пол, 11.314 се од женски и 19.355 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 102 дете кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-26.193, Авганистан-16.543 и Ирак-9.764.
Во истиот период до Секторот за азил поднесени се шест барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на шест малолетни лица од кои пет од Авганистан и две од Сирија.