Лидерот на владејчката партија, Никола Груевски, кој денес беше гостин во вестите на Сител истакна дека државните институции, предводени од ВМРО-ДПМНЕ за овој објект тргнаа со идеја, за која увиделе дека мнозинство од граѓаните на Битола не ја поддржуваат, па затоа истата ќе биде стопирана.
-Го следевме тој процес и имавме меѓусебна комуникација. Размисливме и одлучивме од понеделник да се стопира тој процес, сигурно има некоја работа која нам не ни е до крај јасна, штом толку граѓани на Битола реагираат и ние треба да го почитуваме тоа, посочи Груевски.