Сонце и повисоки температури кои се чудни за овој период од годината, па потоа снег. Во јануари видовме и сонце и снег, а во февруари не’ очекува промена на температурите.
Во првата половина од месецот метеролозите прогнозираат утринска температура до -3 и дневна температура до десеттиот степен и претежно сончево време. Moжни се повремени врнежи од дожд во дневните и снег во ноќните часови.
За втората половина од месецот генерално нѐ очекува сончево време со малку повисока дневна температура, која ќе се искачи до 12 степени. И во овој период можно е повремена дестабилизација на времето.
Особено нестабилно време се очекува на крајот на месецот. Температурата ќе бидат над нулата и речиси една недела во Скопје ќе имаме дожд.