поднесе кривична пријава согласно член 143 од Кривичниот законик на РМ.
„Тој што во вршење на службата малтретира друг, го застрашува, го навредува или воопшто кон него постапува на начин со кој се понижува човековото достоинство и човековата личност, ќе се казни со затвор од една до пет години“.
Ова не е прв скандал, туку само еден во низата скандали во работењето на СЈО. Имено, пред неколку дена беше обелоденето дека вработен во МВР против кого е поднесена кривична пријава поради незаконско влијание на сведоци, на сведокот му нудел поткуп од 100.000 евра кои наводно требало да му бидат исплатени од еден од првите луѓе на СДСМ.
Исплатата требало да се реализира откако истиот ќе ја потпише лажната изјава за компромитирање на лицата кои се таргет на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Ваквите обиди за поткуп и влијаење врз сведоци, според извори од истрагата, се документирани и поткрепени со докази, а се очекува и надлежното Јавно обвинителство набрзо да го земе предметот во процедура. Истите извори велат дека недозволиво е службени лица од полицијата на ваков начин да се обидуваат да конструираат случаи кои подоцна би и ги претставиле на јавноста како нешто реално.
Дополнително, вработениот во МВР, за кој е поднесена кривична пријава поради влијаење на сведоци, беше метеорски беше унапреден од техничкиот министер Оливер Спасовски, а истиот имал и чести контакти со тимот на Јанева и Спасовски.
Во однос на случајот со втората поднесена кривична пријава против тројца јавни обвинители од СЈО поради малтретирање во вршење служба, истите извори велат дека не само што на лицето не му било дозволено присуство на адвокат, туку и сослушувањето не било снимано, што остава сериозен простор за сомнеж дека распитот се одвивал под закани.
Вчера медиумите објавиа дека главна цел на невистинитиот исказ кој требало да биде потпишан од страна на сведокот на Јанева, требало да биде поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
Со тоа требало да биде компромитирана и само врз основа на конструираната изјава би се обезбедила основа за нејзина јавна дискредитација.