именувањето е законски и дека при именување на в.д директор важно е само лицето да е од редот на вработените во установата што не е точно.
Спасов ја повика техничката министерка дека и понатаму ќе се следи нејзината работа и и ја повика да престане да врши притисоци, реваншизам и закани врз вработените во Министерството и институциите под Министерството, да престане да ја бара вината кај сите освен кај себе.
Според него таа е веќе неколку месеци министер во Министерството за труд и социјална политика и редно време е да се зафати со реалните потреби на граѓаните и на институциите кои што се во надлежност под министертсвото.
Како што нагласи Спасов доколу Ременски изминатите неколку месеци ги посветела на проектите кои што се реализираат преку министерството и секојдневно ги следела секторите и институциите и давала конкретни рокови за постапување немало да има задоцнување и немало да има доцнење во јавните набавки во министерството, доцнење на проектите во министерството.
На крај заклучи дека граѓаните го познаваат овој стил на работа и на 24 април ќе го дадат својот глас за стопирање на ова деструктивно работење на функционерите од СДСМ.