
-Како клуб секогаш сме подржувачи на спортско надигрување и фер плеј однесување, како на теренот така и надвор од него, и задржување на добриот имиџ. Играчите на Вардар попладнево го имаа редовниот тренинг, и сите ракометари кои му се на располагање на тренерот Раул Гонзалез беа во салата и ги одработеа поставените задачи. Ниту еден играч не се пожали на повреда, и целосно се посветени на следните натпревари што претстојат, се вели во соопштението.
Од Вардар додаваат дека ги следат сите случувања околу овој настан, но и дека играчите ќе дадат изјава за она за што се поврзуваат.
– Доколку се утврди вмешанот на некој од членовите на тимот, истите ќе бидат санкционирани во согласност со дисциплинскиот правилник на клубот, се наведува во соопштението.