Бразилското Министерство за здравство соопшти дека бројот на потврдени случаи на бебиња родени со ненормално мали глави во Бразил драстично се зголемил за една седмица.
Изминатава недела се регистрирани 404 нови случаи на микроцефалиј, во споредба со 270 пред една недела.
Во 17 од случаите е можно да се докаже, дека родилките биле заразени од зика вирусот за време на бременоста.
Властите истражуваат 3.670 наводни случаи на микроцефалија.
Вкупно 72 бебиња починале од таа вродена малформација.
Се смета дека вирусот зика, што се пренесува од каснување на комарец, е причина за тие малформации, од кои бебињата често умираат или значително заостануваат во менталниот развој.