Српската напредна партија бара војска на границата со Македонија

Српската напредна партија бара војска на границата со Македонија
Српската напредна партија бара војска на границата со Македонија
Српската напредна партија (СНП) смета дека треба што поскоро да се постават физички бариери и да се извади војската на границата со Македонија за да се запре неконтролираниот прилив на мигранти на српска територија, соопшти оваа владејачка партија, пренесува Танјуг.

Во соопштението по повод најавата на европските претставници дека средства од ЕУ фондовите ќе бидат користени за „задржување мигранти во Македонија и Србија“, СНП смета дека Србија не смее да дозволи Брисел да и наметне улога на карантин за мигрантите на надворешните граници на ЕУ.

Од овие причини, СНП апелира до Владата на Србија да им се спротивстави на притисоците од ЕУ и да води национално одговорна мигрантска политика која на прво место ќе ги стави интересите и безбедноста на граѓаните на Србија.