Делови од Скопје утре без струја

Од 6.15 до 8.15 часот, утре без струја ќе бидат дел од корисниците од ул. „Скупи“ – лоцирани околу влезот кај болницата Бардовци, и корисниците од ул. „Скупи“ крак 22. во општина Карпош.

Во периодот од 08:00 до 10:30 часот без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од ул. „Лисец“ пред пругите кај Хемтекс во општина Аеродром, а од 09:00 до 11:30 часот, корисниците од ул. „Михаил Чаков“ бр.100 и бр.102  во општина Кисела Вода.

Од 09:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците од село Мирковци во општина Чучер Сандево, од 09:00 до 14:30 часот, корисниците од реон Гази Баба во општина Гази Баба, а од 10:00 до 13:00 часот корисниците од бул. „Александар Македонски“ во  општина Гази Баба.

Без струја од 10:30 до 12:30 часот ќе останат корисниците од ул. „Божин Николов“ во општина Аеродром, а од 12:00 до 14:00 часот корисниците од ул. „Козјак“ бр.3, бр.27а и 27б, бр.29а и 29б во општина Кисела Вода.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекините се поради технички зафати во електросистемот.