Украдени пушка и пиштол од викендица во Кучково

Од викендица во скопското село Кучково се украдени ловна пушка „ТОС 66“ калибар 12 мм и пиштол „Застава Ц3“ калибар 7.62 мм, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВР).

Според МВР, кражбата се случила во периодот од недела до вчера од 15.00 до 18.00 часот од страна на непознат сторител. Украденото оружје сопственикот на викендицата Д.М. (74) од Скопје го поседувал со дозвола.

Се преземаат  мерки за пронаоѓање на сторителот.