ВМРО-ДПМНЕ: Заев од лупање во гради направи модрици, но никој не убеди во своите лаги

Зоран Заев и СДСМ го посетија градот кој најмногу настрада во време на нивната криминална приватизација. Токму во Штип беа наjсилно почуствувани последиците од транзицијата во која се затворија 684 фабрики, а над 200 000 луѓе беа оставени без работа, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, на посетата на Заев во Штип.

Ви го пренесуваме нивното соопштение:

          Добро е што Зоран Заев бил во Штип, за да види како овој град напредува, наспроти неговата општина која се дави во комунални проблеми, инфраструктурни предизвици и најлошо од се со корупција. Во Струмица единствена фабрика која е отворена е таа на Вицето каде што Зоран Заев и СДСМ ги перат криминалните пари. Уште една Фабрика за Афери и Фалсификати Заев отвории  преку неговиот партиски пулен Закир Бекири Чаушот а ако законот не го гони, тогаш може да отвори најмалку уште десетина такви. За тоа Зоран Заев  има знаење, пари, а богами и пријатели со дебело криминално досие.

          Зоран Заев од лупање во гради можеби направил и модрици, ама не успеал да ги убеди ниту своите членови во своите лаги и манипулации. Колку да го потсетиме Заев во Штип се реконструирани и изградени десетици локални патишта, нови сообраќајни делници, водоводни и канализациони мрежи, фекални канализациони линии, уредените тротоари, над 20 креирани паркови површини и илјадници садници низ целиот град.

          Веројатно Заев поминувајќи покрај Штип ја видел и изградената ТИРЗ во која постојат ФАБРИКИ. Се надеваме дека Заев сватил како треба да изгледа една ваква зона, а не неговата ветена и никогаш не прежалена зона во Сачево која наликува единствено на празна ливада.

          Во Штип исто така  е изградена Нова 400/110-киловолтна трафостаница со која е завршен проектот за интерконективно 400-киловолтно далноводно поврзување меѓу Македонија и Бугарија;

          -Во завршна фаза е проектот за изградба на приоритетната делница од проектот „Гасификација на Република Македонија“ Клечовце-Штип-Неготино.

          -Oтворен е Униерзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

          -Изградени се две социјални згради за ранливи семејства во населбата Сењак.

          -Во Клиничката болница во Штип набавена е опрема: компјутеризирана томографија, магнетна резонанца 1.5 Т, литотрипор, ангиограф, коскен дензитометар, кардиолошки ехо-апарати, гинеколошки 4Д ехо апарати, инкубатор итн.

          -Нов дијагностички центар во Штип.

          -Современа офтамолошка опрема за Клиниката за очни болести.

          Зоран Заев пати од пустата желба да стане премиер. Граѓаните во Македонија, вклучително и во Штип, тоа никогаш нема да му дозволат, бидејќи гледаат дека тој нема капацитет ниту за градоначалник.

          Токму затоа и Штип и Струмица и цела Македонија на 24 април ќе го казнат за неговата деструктивна политика полна со лаги и манипулации. Суровата казна за СДСМ и Заев незапирливо се ближи. Времето за Заев истекува и остануваат уште само 80 дена до десетиот јубилеен пораз.