Два случаи на вирусот Зика потврдени во Ирска. Инфицирани се маж и постара жена, и двајцата закрепнуваат од вирусот.
Тие патувале во држави каде постојат случаи на зараза.
СЗО соопшти дека европските држави би требало да почнат да се подготвуваат да ја заштитат популацијата од вирусот зика.
Вирусот Зика со голема брзина се шири во Северна и Јужна Америка, а СЗО поради тоа прогласи глобална вонредна ситуација.