Утре почнува судењето за кумановско Диво насеље

Триесет припадници на терористичката група која предизвика страв за безбедноста на животот на граѓаните на Македонија , и кои се обвинети за кумановскиот инцидент од мај 2015, утре седнуваат на обвинителна клупа.

Обвинетите се товарат за за тероризам и за нарушување на уставниот поредок на државата.

Тие ќе одговараат за злосторството кое заврши крваво и во кое беа убиени  8 полицајци, а 42-ца беа тешко повредени.

Во мајските крвави инцидети десетмина припадници на македонската полиција го загубија животот.

Одбраната смета дека а обвинението е неосновано и поднесе приговори. Наспроти нив од Обвинителство сметаат дека се дел од групата која организираше терористички активности кои кулминираа со крвавата пресметка на 9-ти и 10-ти мај.