Дваесет години по разводот, Синди Крафорд признава дека не останала во контакт со поранешниот сопруг Ричард Гир.
„Тогаш не увидев колку сум млада“, вели Синди, која кога се омажила за Гир имала 26 години. Тој тогаш имал 42.
„Со Ричард бев шест години, но само две години поминавме во брак“, вели Синди.
Запрашана во интервју дали е во пријателски односи со атерот, таа вели: „Ние сме пријателски расположени, но речиис да мораме да се претставауваме отпоеток еден на друг, бидејќи воопшто не се гледаме. Мислам дека проблемот во нашиот однос е што еден на друг си бевме многу работи, но никогаш не бевме пријатели. Јас бев млад, а тој беше Ричард Гир. Кога почнав да растам во личноста која сум денес, не можевме да го промениме односот“.
Синди е во брак со бизнисменот Ранди Гребер. Таа во бракот со него го пронашла тоа што и недостигло во односот со Гир- пријателство.
Парот има две деца и неодамна прослви 17 години од бракот.