![biljana-belicanec-640x480 Се гради атмосферска канализација на улицата Живко Фирфов во Драчево](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/02/biljana-belicanec-640x480.jpg?resize=640%2C480&ssl=1)
Градоначалничката на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец Алексиќ истакна дека изведбата на планираниот проект треба да овозможи надминување на проблемите кои настануваат при поројни дождови поради немање на можност за канализирање и одведување на атмосферските води во овој дел на општината.
-Се работи на атмосферска канализација за собирање на отпадни води од пределот на Китка, со оглед на тоа дека местоположбата и поставеноста на населба Драчево е во косо и овој дел беше доста критичен во однос на отпадните види и поплавувањето на улиците за време на поројните дождови, истакна Беличанец.
Градоначалничката посочи дека според планот атмосферска канализација се очекува да биде завршена за околу 3 месеци.
На терен ќе работат екипите на фирмата „ Енергомонт“ кои наредните три месеци ќе работат на поставување на цевки со различен профил, во вкупна должина од над 800 метри.
Со изградба на атмосферската канализација по улицата „Живко Фирфов“ преку новопредвидените улични сливници, атмосферските води целосно ќе се одведат до постојните колектори на улицата „ Живко Фирфов“ и улицата „ Ратко Митровиќ“.
Долж трасата на колекторот предвидени се ревизиони полипропиленски шахти со полипропиленски качувалки.
Се работи за инвестиција на општина Кисела Вода во вредност од околу 10 милиони денари.