
Повеќе од 70 македонски трговски и производствени компании пријавиле во Стопанската комора на Македонија дека имаат побарувања од хипермаркетите на „Карфур во Скопје и во Тетово.
Од Комората велат дека имаат добра соработка со државните институции со кои заедно разменуваат информации за фирмите кои работеле со затворениот хипермаркет.
Во моментов „Карфур“ го „чешла“ Финансиската полиција и неофицијално се претпоставува дека штета за македонските е фирми е околу 10 милиони евра.
На почетокот на годинава двата хипермаркета на Карфур во Македонија, во Сити мол во Скопје и во Тетово, затворија поради големи загуби.