
-Во таа насока предвидуваме подршка за најдобрите иновативни проекти на таленитираните ученици, односно поддршка на иновативноста уште од најмали години. Сите млади иноватори од основните и средните училишта врз основа на јавен повик еднаш во текот на годината ќе имаат можност да добијат соодветна логистичка и финансиска подршка за промоција и релизација на својата иновативна идеја, изјави Груевски.
Министерството за образование и наука и Фондот за иновации ќе вршаат рангирање на пристигнатите апликации.