Интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ
Граѓаните знаат дека функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кои ги раководеа министерствата за внатрешни работи и транспорт и врски ги постигнаа најголемите успеси во своите ресори во историјата на независна Македонија.
Граѓаните знаат дека откако Оливер Спасовски е технички министер, МВР нема фатено ниту 5 грама дрога, ниту оружје. Неуспесите на Оливер Спасовски ќе ги платиме сите неколкукратно откако ќе си замине на 24 април.
Граѓаните знаат дека Фросина Ременски не само што не понуди било каков нов проект во својот ресор, даде се од себе за да ги закочи постојните проекти и да ја опструира работата на министерството.
Граѓаните знаат дека додека владата на ВМРО-ДПМНЕ промовира проекти и реформи, нови фабрики и нови работни места, СДСМ промовира Фабрики за афери, манипулации и измислени скандали.
Граѓаните знаат дека додека ВМРО-ДПМНЕ се бори за стабилност, привлекување инвестиции и повисок стандард, СДСМ конструира кризи и тензии и се обидува да ја влече нашата земја кон дното.
Граѓаните знаат дека СДСМ се обидува да го опструира единствениот излез од кризата која што ја наметна, а тоа се изборите на 24 април, на кои што само народот одлучува.
СДСМ знае дека ако нема криза и ако нема конфликт, тогаш нема што СДСМ да им понуди на граѓаните. Затоа СДСМ се плаши од излегувањето на Македонија од кризата и затоа не сака да се соочи со граѓаните на 24 април.
Жално е што СДСМ мисли дека кризата на целата држава е излез од состојбата во која се наоѓа СДСМ.
Затоа Зоран Заев очајнички бара помош и бегство од изборите. Затоа тој најавува обвиненија, најавува притвори и се надева дека тоа ќе влијаело на изборната кампања како што изјави пред неговите сопартијци во Капиштец.
Тоа што Зоран Заев не може да го разбере е дека ВМРО ДПМНЕ е поголемо и од неговите закани и од неговите криминогени деструктивни планови.
Довербата за ВМРО-ДПМНЕ кај граѓаните е заслужена и е многу поголема од омразата која ја сеат Заев и неговите први соработници.
Со деструкција и со фабрикување афери не може да се освои довербата на граѓаните. Граѓаните знаат кој работи во нивна корист и тоа ќе го потврдат по десетти пат на 24 април, без разлика на атмосферата што се обидуваат да ја креираат СДСМ и медиумите под диктат на Бихаќка, без разлика на фабрикувањето афери, измислиците и подметнувањата.
Правдата и вистината на крајот секогаш ќе победат. Докажано, девет изборни циклуси наназад.