
Цариниците на аеродромот „Александар Велики“ вчера заплениле повеќе од четири килограми хероин.
Хероинот бил откриен при детална контрола на багажот на триесет и деветгодишниот Р.Ј. од Турција.
Во неговиот куфер биле пронајдени околу 4.622 грама хероин.
МВР денеска соопшти дека хероинот е пронајден во куферот, во кој имало изработено дупло дно со пластичен дел од друг куфер.
Лицето и багажот се предадени на Одделението за истраги при Царинската управа за натамошна постапка.