Сириец го извршил нападот во Анкара?

Давутоглу: Има сериозни податоци дека нападот е извршен од курдски бунтовници
Давутоглу: Има сериозни податоци дека нападот е извршен од курдски бунтовници

Сириец, идентификуван врз основа на отисоци од прсти, го извршил бомбашкиот напад во центарот на Анкара, во кој загинаа 28 лица, а 61 се повредени, објави денеска весникот „Јени Шафак“.

Весникот не го наведува изворот за оваа вест која засега не е официјално потврдена.

Бомбашот е идентификуван како Салих Неџар, за кој се верува дека во Турција влегол со бегалците од Сирија.

Нему, по влегувањето во земјата му се земени отпечатоци од прсти и на тој начин полицијата го идентификувала, пишува весникот.

Како што се наведува, автомобилот со кој е извршен нападот е изнајмен пред околу две недели во Имир.

Засега никој не презеде одговорност за вчерашниот напад, но безбедносните турски официјални лица наведуваат дека постојат индиции зад нападот да стојат курдски екстремисти од забранетата Рабоничка партија на Курдистан.

Експлозијата во центарот на Анкара е предизвикана од бомба подметната во автомобил која е активирана кога покрај него поминувало комбе кое превезувало војници. Експлозијата се случила во време кога луѓето се враќалеод работа.

Поради нападот, турскиот премиер Ахмет Давутоглу, го одложи патувањето во Брисел.