Нова мерка за субвенционирање на земјоделството. Од оваа година тие што ќе ги заменат ниско профитните житни и индустриски култури со градинарски или лозови и овошни насади ќе можат да добиваат 30 проценти повисоки субвенции, објави МРТ.
Дополнителни 30 проценти ќе добиваат земјоделците кои ќе решат да направат замена на непрофитабилното производство со промена на насадите.
Промената треба постепено да овозможи групирање на производство и пренамена на дел од земјоделските површини со култури кои имаат најдобри предности за соодветниот регион.
Дополнителна финансиска поддршка ќе се обезбеди за првите пет години од промената во друг тип на производство на подигнатите повеќегодишни, градинарски или индустриски култури.
Зголемената поддршка можат да ја добијат оние земјоделци кои претходно најмалку 3 години земале субвенции за полјоделски култури.