Вирусот Зика го разбранува светот. Кај нас нема забележано такви случаи, откако Светската здравствена организација прогласи вонредна состојба поради брзото ширење на вирусот.
Експертите велат дека Зика е опасен исто колку и Еболата.
Бројот на заразени нагло скокна од 147 во 2014. година на 2.400 во 2015. година
Се проценува дека во Северна и Јужна Америка следната година би можело да има дури четири милиони случаи заболени од овој вирус!
Последниот случај и прв во САД, забележан е во Тексас. Пациентот во далас најверојатно е заразен преку сексуален однос. Пациентот не патувал во области во кои е забележан вирусот, но партнерот на таа личност престојувал во Венеција.
Во Бразил се забележани 2.700 случаи на бебиња родени со деформитети за кои постојат сомнежи дека се предизвикани од Зика, а властите во Бразил ги повкаа жените да ја одложат бременоста.
Симптомите по заразата се грозница, осип, болка во мускулите и коњуктивитис. Тегобите на најголем дел од заболенте траат до една недела, но, во некои случаи овој вирус може да биде и смртоносен.
Не постои ваккцина
Вирусот Зика се пренесува преку крв, воглавно преку комрци „Aedes aegypti” и „Aedes albopictus”, познати под заедничкиот назив – тигрести комарци.