Бегалците откако ќе влезат на македонска територија со воз од Гевгелија ќе се носат директно во Прешево, Србија. Вака е договорено на денешниот состанок во Загреб на кој од македонска страна присуствуал Горанчо Савевски, директор на Бирото за јавна безбедност.
Договорот за новиот начин на транспорт на бегалците е потпишан денеска помеѓу Австрија, Унгарија, Хрватска, Словенија, Србија, Македонија и Грција.
Земјите потписнички се договориле дека ќе се прифаќаат бегалци само од земји погодени со воена состојба.