
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска најави нови проекти за подобрување на животот на младите.
Тој информира дека е предвидена изградба на нов базен во Спортскиот центар „Борис Трајковски“.
-Согласно потребите на СЦБТ, согласно на тоа што таму постои аква-парк кој одлично функционира, базенот ќе биде дополнителна нова понуда. Трошоците за изградба се 740.000 евра. Почеток на градба е предвиден за 2018-та година. Со ова, заедно со проектот за затворени тениски игралишта и затворена гимнастичка сала, како и постоечките, ќе се добие современ центар за рекреација за скопјани и сите други граѓани кои доаѓаат тука, заклучи Груевски.