![mob Балетот во два чина „Жизел“ во МОБ](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/02/mob.jpg?resize=675%2C310&ssl=1)
Во Македонската опера и балет вечер ќе биде изведен романтично-фантастичниот балет во два чина „Жизел“. Кореограф е Леонид Лавровски од Русија, а Оркестарот на МОБ ќе го води Бисера Чадловска.
Насловната улога ќе ја толкува примабалерината Александра Мијалкова. Солисти ќе бидат и Васил Чичијашвили од Грузија, Дојчин Дочев од Бугарија, Ивана Коцевска, Саша Евтимова и Јан Кисилев, а ќе настапи балетскиот ансамбл на МОБ.
Балетот „Жизел“ бил праизведен во Париз во 1841 година и е меѓу ретките балети со непрекината традиција на изведување